Top Sport

Азар: Совршен крај би бил со титула во ЛЕ

Еден Азар рекол дека освојувањето на Лига Европа би бил идеален начин да се прости од Челси, доколку ова лето реши да го напушти клубот. Белгиецот долго време се поврзува со Реал Мадрид, а извесно е дека тој трансфер ќе се случи во овој преоден рок.

Азар, неколку пати го најави трансферот, но во исто време инсистира дека се уште ништо не е готово. Не крие дека мечот со Арсенал би можел да биде последен за него во дресот на Челси.

„Ова е европско натпреварување, сакам да го освојам, важно е и за клубот и навивачите…Кога играте финале не е важно дали е во Лигата на шампионите, Лига Европа или Лига купот, желбата е иста, ја посакувате победата. Од Челси секогаш се очекува да освои барем еден трофеј во сезоната“, рекол Азар.

„Јас сакам да победиме. Не е важно дали ќе постигнам гол. Не е важно ни дали е ова мојот последен натпревар. Се надевам дека ќе победиме. Дали тоа е совршено проштално сценарио? Да“,.

Финалноот меч во Баку, помеѓу Арсенал и Челси ќе се одигра в среда од 21 часот.

Scroll to Top