Фудбалерот на Челси, Еден Азар, истакнал дека нема да го напушти клубот во зимскиот преоден рок. Медиумите го поврзуваат медиумите најчесто со Реал Мадрид, бидејќи се уште нема потпишано нов договор со Челси. Договоро на Азар со Челси истекува во 2020 година.
„И во јануари ќе ми остане уште една година од договорот. Доколку не го продолжам, трансферот ќе биде реална опција. Можеби ќе го сменам клубот во летниот преоден рок, но постои можност и да ја завршам кариерата во Челси“, рекол Азар и дополнил.
„Нема да го напуштам клубот во јануари, не можам нешто такво да им направам на навивачите“.
Азар ги потврдил информациите дека добил понуда од ПСЖ и открил зошто никогаш нема да потпише за францускиот шампион.
„Разговаравме, но таа опција не ја разгледувам. Секогаш сум говорел, дека доколку се вратам во Лига 1, тоа значи дека ќе се вратам во Лил“, завршил Азар.