Фудбалерот на Челси, Еден Азар, не сака на британските медиуми да им ги открие своите планови, иако не ја отфрлил можноста да се пресели во Реал Мадрид.
„Зошто да не?“, со прашање одговорил Белгиецот на прашањето дали постои можност да се пресели во Реал.
Не одговорил директно ниту на прашањето дали во летниот преоден рок, по завршувањето на Светското првенство сакал да замине од Челси.
„Вие тоа добро го знаете. Прашувате а го знаете одговорот. Нема потреба да го поставувате тоа прашање“, рекол Азар.
Дури потоа рекол дека размислувал да замие од Челси по Мундијалот, но дека не се кае што останал во Лондон бидејќи играл „една од најдобрите сезони во кариерата“.
„Секогаш сум говорел дека сакам да испробам надвор од Англија, но постојат и работи што можат да ме натераат да останам“, дополнил Белгиецот кој го носи дресот на Челси од 2012 година.
Азар досега има одиграно 328 натпревари за Челси на кои постигнал 101 гол. Сезонава на 28 натпревари погодил 12 пати.