Top Sport

Азар: Златната топка треба да ја добие играч на Ливерпул

Престижната награда на „Франс Фудбал“, Златна топка ќе биде доделена на 2 декември. Играчите што ја обележаа последната деценија Лионел Меси и Кристијано Роналдо се меѓу номинираните. Прашење е во чии раце ќе заврши наградата.

Фудбалерот на Реал Мадрид, Еден Азар, сметал дека наградата треба да ја освои играч на Ливерпул.

„Мане, Салах или Ван Дајк ја заслужуваат“, рекол Азар и дополнил.

„Да станеше Мане шампион на Африка со Сенегал тогаш немаше да има дилеми. Би било убаво тој да ја добие. Или Салах, тој е мој пријател. Тоа би било добро и за африканскиот и за англискиот фудбал“.

Салах, Мане и Ван Дајк минатата сезона со Ливерпул ја освоија титулата во Лигата на шампионите, а во новата сезона се на добар пат по 30 години да ја вратат англиската титула на „Енфилд“.

Scroll to Top