УЕФА го прифати предлогот на Фудбалскиот сојуз на Азербејџан, натпреварот во Лигата на нации против Црна Гора, оваа репрезентација да го одигра во Загреб.
Азербејџан, поради војната во регионот Нагорно-Карабах, своите натпревари ги игра на неутрален терен. Од истата прична и Ерменија не може да игра на домашен терен.
Натпреварот Азербејџан-Црна Гора, во петтото коло во Лигата на наци, на програмата е на 14.ноември. Црна Гора три дена подоцна ќе го пречека Кипар, додека Азербејџан ќе гостува во Луксембург.
На две кола до крајот на ова издание на Лигата на нации, Луксембург и Црна Гора од оваа група се борат за пласман во Б-дивизијата.
Овие две репрезентации имаат ист број на бодови, но Луксембург има подбар меѓусебен дуел.