Давид Бабунски барем уште една година ќе остане во јапонската лига откако го продолжи договорот со екипата на Јокохама Маринос.
Бабунски во јануари 2017 година од Црвена звезда се пресели на Далечниот Исток, со Јокохама играше и во финалето на Купот, но не успеа да го освои (пораз од Осака 1:2).
Македонецот за Јокохама минатата сезона одигра 20 натпревари и успеа да постигне три гола.
Покрај за Јокохама и Црвена звезда, Бабунски во кариерата играл и во Барселона Б.
Бабунски беше дел на репрезентацијата до 21 година која играше на Европското првенство во јуни минатата година. За најдобрата селекција има одиграно девет натпревари.