Top Sport

Баџо: Во денешно време незналици зборуваат за фудбалот

Легендата на италијанскиот фудбал, Роберто Баџо, во интервју за „Ла Република“, зошто низ годините одбивал понуди од телевизиите да работи како стручен коментатор.

„Не би ми било пријатно чувството да ги критикуван другите. Гледам дека некои мои поранешни соиграчи кои по телевизиите држат фудбалски лекции, а додека играа не можеа да направат два дриблинга. Речиси и да не гледам натпревари, воопшто не уживам, а фудбалот без публика е тажен, ме тера да заплачам. Заминувањето од фудбалот ме врати во живот. е давев во физичка болка. Еднаш кога се враќав дома од Бреша не успеав да излезам од автомобилот, сопругата ми помогна“, рекол Баџо.

„Ме убиваше тоа што тренерите беа опседнати со тактиката. Поважно им беше да го неутрализираат противникот, отколку да развијат своја игра. Сега работам нешто многу поубаво, во контакт сум со природата. Возам трактор, цепам дрва, во текот на денот толку се заморувам што некогаш ми се врти во главата. Тоти еднаш ме потсети, не сакаше да замине. Како времето да застана“.

54-годишниот Баџо во кариерата играч за Фиорентина, Јувентус, Милан, Интер, Болоња и Бреша. За Италија одиграл 56 натпревари и постигнал 27 голови.

Scroll to Top