Баер Леверкузен стигна до неверојатна 6:2 победа на гостувањето кај Вердер Бремен најавувајќи излегување од кризата по слабиот старт на новата сезона во Бундеслигата. По девет кола, ова е само трета победа за „фармацевтите“ оваа година и убедливо најубедливата.
Кај Хаверц постигна два гола за Баер, а по еден додадоа Кевин Фоланд, Јулијан Бранд, Карим Беларами и Александар Драговиќ, додека за Вердер еден од двата гола го постигна 40-годишниот ветеран Клаудио Пизаро.
Вердер останува на четвртото место со 17 поени, четири помалку од лидерот Борусија Дортмунд, додека Леверкузен е 12. со со 11 поени.
БУНДЕСЛИГА, 9.КОЛО
Нирнберг – Ајнтрахт Франкфурт 1:1
РБ Лајпциг – Шалке 0:0
Вердер Бремен – Баер Леверкузен 2:6
Фото: ЕПА