Top Sport

Баер се израмни со Лајпциг на второто место (видео)

Минатогодишните вице-шампиони од Бундеслигата, РБ Лајпциг доживеаја незгоден пораз на гостувањето во Фрајбург од 2:1, дозволувајќи им на Баер Леверкузен да се искачат на второто место по убедливиот 1:4 триумф против Хофенхајм.

Лајпциг стигнаа до водство на „Шварцвалд стадионот“ во 66. минута преку Тимо Вернер, меѓутоа, за само четири минути домашните фудбалери успеаја да направат целосен пресврт. Јаник Хаберер во 72. минута израмни, за само четири минути подоцна Робин Кох да донесе водство за Фрајбург.

Леверкузен немаше такви проблеми на гостувањето во Хофенхајм, откако јамајчанската ѕвезда, Леон Бејли донесе водство за „фармацевтите“ по 43 минути игра. Во второто полувреме, Баер  преку Баумгартлингер (52) и Аларио (72) донесоа недостижно водство за гостите, по што Салаи во 86. минута успеа да намали на 1:3.

По 19 кола во Бундеслигата, Баерн Минхен се убедливи на врвот со 44 поени, а од второто до четвртото место се Баер, Лајпциг и Борусија Менхенгладбах (која победи со 2:0 против Аугзбург) со 13 поени помалку.  Потоа следуваат три тима со заостанување од еден поен (Ајнтрахт, Борусија Дортмунд и Шалке), ветувајќи интересна борба за местата кои носат во Лигата на шампионите.

БУНДЕСЛИГА, 19.КОЛО

Борусија Менхенгладбах – Аугзбург 2:0

Фрајбург – РБ Лајпциг 2:1

Хофенхајм – Баер Леверкузен 1:4

Мајнц – Штутгарт 3:2

Волфсбург – Ајнтрахт 1:3

Scroll to Top