Веднаш штом се појави информации во медиумите во Германија дека фудбалерот на Сити, Лирој Сане и Баерн Минхен веќе се договориле за трансфер, Баварците реагираа на социјалните мрежи. Оттаму демантираат дека е постигнат било каков договор за трансферот на Сане од Сити.
News reports made today stating that Leroy Sané has decided to join FC Bayern do not correspond to the facts.
— FC Bayern English (@FCBayernEN) August 1, 2019
„Вестите дека Лирој Сане одлучил да направи трансфер во редовите на Баерн Минхен не соодвествуваат со фактите“ – се вели во реакцијата од Баерн Минхен.
Сепак, реномираниот „Билд“ кој ја соопшти веста дека германскиот репрезентативец конечно се сели во Минхен уште и додава дека на крајот, Сане би можел да чини и 200 милиони евра кога ќе се вклучат и бонусите.
Handgeld, Ablöse, Gehalt – Sané kostet 200 Mio https://t.co/UltpY3ufvR — BILD (@BILD) August 1, 2019
Останува да се види што е правата вистина и дали Сане ќе остане во Манчестер или ќе се пресели на „Алијанц арена“.