Навивачите на Баерн Минхен, фрлија 185 топчиња за тенис на теренот против Мунстер. На овој начин тие го изразија својот протест бидејќи клубот претходно го одложи овој натпревар.
Оригиналниот термин за одигравње на натпреварот против Мунстер беше пред дуелот со Лајпциг во Суперкупот на Германија.
Германските медиуми објавија дека Федерацијата ќе го казни Баерн со 65.000 евра, односно казната е 350 евра по тениско топче.