Top Sport

Баерн го прати Лирој Сане на тренинг со Б-тимот

Според „Билд“, тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нгелсман решил да го прати Лирој Сане на тренинг со Б-тимот на Баварците, бидејќи веќе не смета на него како на сигурен стартер.

Според нивните извори, Нагелсман и покрај повредата на Серж Гнабри, не смета на Сане, бидејќи Кингсли Коман е негов прв избор за замена. Само Томас Милер, Садио Мане и Џамал Мусијала се сигурни кај Баварците.

26-годишниот Сане, кој во 2018 година беше прогласен за најдобар млад играч во Премиерлигата, во 2020 пристигна во Баерн од Манчестер сити за 60 милиони евра, но не успеа да ја повтори формата од настапите под Пеп Гвардиола.

Scroll to Top