Роберт Ковач го освои првиот трофеј како тренер на Баерн Минхен, откако Баварците со високи 5:0 го совладаа неговиот поранешен клуб, Ајнтрахт Франкфурт за титулата од германскиот Суперкуп.
Ковач минатата година сензационално со Ајнтрахт го освои ДФБ купот, но потоа го замени Јуп Хајнкес на клупата на Баерн Минхен.
Роберт Левандовски постигна хет-трик за 54 минути, а Коман и Алкантара го комплетираа големиот триумф на Баварците, кои повторно пред стартот на новата сезона од Бундеслигата се апсолутни фаворити.