Top Sport

Баерн и Сити се договориле, Алаба го одбил транферот

Пеп Гвардиола во име на Манчестер сити со Баерн Минхен го договорил трансферот на Давид Алаба. Проблем за двете страни е што репрезентативецот на Австрија не сака да се сели во Англија, негова цел е шпанската Ла Лига.

Германските медиуми тврдат дека Сити се согласиле на размена, односно Алаба да биде дел од трансферот на Лирој Сане во Баерн. Договорите на двајцата фудбалери со актуелните клубови истекуваат во јуни 2021 година.

Баерн од минатото лето се обидуваат да го донесат Сане, додека Алба не сака да го продолжи договорот со Баврците.

Идеално решение за Баерн на кое се согласиле од Сити е да платат одредена сума на пари и да го испрата Алаба во Сити. Со оваа комбинација бил задоволен и Гвардиола бидејќи Алаба може да игра како лев бек, но и како централен дефанзивец.

Сепак Алаба не сака трансфер не во Манчестер сити, туку воопшто во Премиерлигата. Негова цел била Ла Лига, односно сакал да го искористи интересот што за не го го покажуваат Реал Мадрид и Барселона.

Scroll to Top