Top Sport

Баерн ја претрка Барса, се засили со лев бек од Шкотска

Иако се уште нема официјална потврда, сепак јасно е дека 18-годишниот лев бек на шкотски Хартс, Арон Хики е нов играч на минхенски Баерн.

За талентираниот шкотски фудбалер постоеше големо интересирање, за неговите услуги беше заинтересирана Болоња, Лион, а пред се Барселона. Сепак Хики одбра да ја продолжи кариерата во Баерн.

Освен за позицијата лев бек која му е примарна, Хики често знае да покрива и во средината на теренот, покрива повеќе позиции на теренот, а токму таков играч им е потребен на Баварците.

Информациите се дека Хики ќе потпише 5-годишен договор со клубот од Минхен, а финансиските детали засега не се познати.

Scroll to Top