Баерн Минхен нема да прават проблеми доколку Германската фудбалска федерација (ДФБ) го избере Јулијан Нагелсман како нов селектор на Германија по отказот кој го доби Ханси Флик.
36-годишниот Нагелсман стана еден од фаворитите за испразнетото место покрај Матијас Зомер, но иако беше отпуштен од Баерн на 24 март, тој уште е под договор со клубот, кој му исплаќа месечна плата додека не најде нов ангажман. Според „Билд“, во Баерн нема да прават проблеми доколку федерацијата го избере Нагелсман бидејќи се работи за важна „национална“ работа, но нејасно е дали ќе бараат федерацијата да ги плати 20-те милиони евра за трите години од договорот на тренерот.