Минхенски Баерн е подготвен комплетно да го откупи договорот што Хамес Родиргес го има со Реал Мадрид. Како што пренесува „Билд“ Баварците на Реал ќе му ги платата бараните 35 милиони евра.
Како што наведува весникот, кој традиционално добро е запознаен со трансфер политиките на Баерн, во Минхен биле задоволни од она што Колумбиецот го покажува оваа сезона и сака да го задржи и во иднина.
Хамес Родригез во Баерн пристигна на почетокот на сезоната како позајмен фудбалер од мадридски Реал. Двете страни тогаш договорија Колумбиецот две години да му биде позајмен на Баерн, а птооа Баварците се обврзани да го откупат неговиот договор.
Баерн веќе по една година ќе ја искористи клаузулата во договорот и ќе го откупи фудбалерот за 35 милиони евра.
Инаку, претходно Баерн на Реал за позјмцата му плати 10 милиони евра, а Родригез во Минхен заработува осум милиони евра годишно.
Најдобриот стрелец на Светското првенство во 2014 година не усеа да се наметне во редовите на Реал, претходно тој има играно во Енвигадо, Банфилд, Порто и Монако.