Top Sport

Баерн Минхен го купија Марк Рока

Баерн Минхен го потврдија трансферот на Марк Рока од Еспањол за првични 15 милиони евра со дополнителни 5 милиони евра во бонуси. Рока потпиша петгодишен договор со европските шампиони, откако шпанскиот второлигаш ја прифатил понудата да го продаде фудбалерот кој со нив е од својата 11-та година и дебитирал во првиот тим во август 2016.

23-годишниот Рока имаше 121 настап за Еспањол, и беше младински репрезентативец на Шпанија. Сега, тој признава дека секогаш сонувал да игра со Баерн Минхен.

„Пресреќен сум. Ова е остварување на сонот за мене, бидејќи мислам дека Баерн е најдобриот клуб на светот со огромна традиција. Едвај чекам да почнам“, вели Рока.

Тој е четвртото засилување за Баерн ова лето, по купувањето на Лирој Сане од Манчестер сити, и слободните трансфери на Танги Нианзу (ПСЖ) и голманот Александер Нибел (Шалке).

Scroll to Top