Дерби мечот од второто коло во Купот на Германија помеѓу Лајпциг и Баерн Минхен беше решен по изведувањето на пенали, откако по 120 борба резултатот беше 1:1.
Првптп полувреме во Лајпциг заврши без голови, а кога домаќинот на почетокот на вториот дел остана без Кеита, се очекуваше Баерн да го зададе завршниот удар. Сепак Лајпциг прв постигна го и тоа од пенал во 68 минута кој го реализира Фосберг. Пет минути подоцна израмни Тојаго Алкантара.
Во пенал серијата стрелците беа прецизни во првите девет удари, десеттиот го изведе напаѓачот на Лајпциг Вернер чии удар го одбрани голманот Улрих и му овозможи на Баерн пласман во осминафиналето.
Резултати:
Херта-Келн 1:3
Кајзерслаутерн-Штитгарт 1:3
Осанбрик-Нинберг 2:3
Волфсбург-Хановер 1:9
Фрајбург-Динамо Дрезден 3:1
Регенсбург-Хајденхајм 2:5
Вердер-Хофенхајм 1:0.