Top Sport

Баерн не може да се бори милионите на богатите шеици

Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач, не е задоволен како досега клубот делувал во преодниот рок. Баерн летово се засили со Бенжаман Павар, Лукас Ернандес и Јан-Фете Арп.

Баерн мора да биде активен во преодниот рок бидејќи Ковач во овој момент нема доволно играчи во ростерот.

„Не, ние немаме доволно фудбалери. Повторно ќе бидеме плен во Бундес лигата, а Лигата на шампионите од година во година е се потешка. Кога тука ќе ги пресметата и повредите кои се неизбежни јасно е дека немаме доволно фудбалери. Сигурен сум дека ќе донесеме уште неколку играчи. Верувам дека челниците работи на некои трансфери“, рекол Ковач и дополнил.

„Секогаш е исто. Мораме да се бориме со клубови кои се поддржани од држави, се бориме со милионери. Ова повеќе не е борба помеѓу клубови. Абу Даби, катар и Дубаи имаат повеќе пари од клубови каков што е Баерн“.

Хрватскиот тренер се надева дека до крајот на преодниот рок ќе ги добие во тимот Усман Дембеле и Лирој Сане.

Scroll to Top