Баерн Минхен ја одбиле и втората понуда на Барселона за полскиот напаѓач Роберт Левандовски, останувајќи на својата проценка од 40 милиони евра, тврди шпанскиот „Спорт“.
Според нивните извори, Барса понудиле 32 милиони евра и 5 милиони евра во бонуси, што според германските медиуми е блиску до сумата која Баварците сакаат да ја добијат, откако стана јасно дека Левандовски не планира да остане во Бундеслигата.
Германскиот шампион сака да обезбеди парични средства за да успее да го договори трансферот на Садио Мане од Ливерпул, така што се очекува на крајот да има договор со Барселона и неизвесна е само сумата која ќе ја платат Каталонците.