Баерн Минхен ќе продолжат да инвестираат во засилувања и работат на договор со ѕвездата на Манчестер сити, Лирој Сане, потврди претседателот на клубот, Ули Хенес.
23-годишниот германски репрезентативец има несигурна иднина на „Етихад“ откако изминатата сезона добиваше малку шанси од Пеп Гвардиола, со само 30 старта во 47 настапи во сите натпреварувања.
Баерн откако ги „испратија“ Арјен Робен и Франк Рибери, мораат да имаат засилувања во нападот, и додека спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ одби да даде имиња, според „Спорт билд“ клубот има буџет за трансфери од 200 милиони евра. Хенес, пак, за „Зидојче цајтунг“ беше поискрен.
„Разговараме со тој фудбалер. Се надевам дека ќе имаме договор“, изјави Хенес.
Неодамна, напаѓачот Роберт Левандовски директно побара клубот да тргне по Сане.