Генералниот директор на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге потврди дека европскиот шампион е заинтересиран за дефанзивецот на РБ Лајпциг, Дајот Упамекано, откако Давид Алаба најверојатно ќе замине во Реал Мадрид на крајот на сезоната.
22-годишниот Упамекано се смета за еден од најдобрите млади дефанзивци во Бундеслигата, со блиску до 100 настапи за Лајпциг по трансферот од Ред бул Салцбург во 2017, а минатата година дебитираше и за француската репрезентација.
„Секако, ќе ги решиме работите во одбраната, не само со тој фудбалер, туку севкупно. На позициите на кои сакаме засилувања тие ќе мораат да дојдат. Во времето на корона вирусот, парите се исто така важен фактор“, вели Румениге.
Упамекано има откупна клаузула од околу 45 милиони евра.