Top Sport

Баерн се одвои на +18, Шалке загуби добиен меч (видео)

Баерн Минхен продолжи со доминацијата во Бундеслигата, откако по рутинската 0:2 победа на гостувањето во Мајнц се одвои на 18 поени пред Баер Леверкузен на врвот на табелата.

Франк Рибери во 33. минута и Хамес Родригес во 44. минута обезбедија убедлива предност на Баварците на гостувањето на „Опел арената“, за по осми пат во низа да останат непоразени во Бундеслигата.

Шансата Шалке да се приклучи на Баер на второто место на табелата беше уништена откако тимот од Гелзенкирхен „колабираше“ во последните 15 минути од дуелот против Вердер. Шалке уште во 24. минута преку Конопљанка дојде во водство од 1:0, но откако Матија Настасиќ доби втор жолт картон во 78. минута, веќе во следната минута Макс Крузе израмни. Кога сите го очекуваа крајот на натпреварот, Златко Јунузовиќ во 93. минута донесе три поени за „зелените“ од Бремен.

БУНДЕСЛИГА, 21. КОЛО

Фрајбург – Баер Леверкузен 0:0

Херта – Хофенхајм 1:1

Мајнц – Баерн Минхен 0:2

Шалке – Вердер 1:2

Волфсбург – Штутгарт 1:1

Scroll to Top