Баерн Минхен не се откажуваат од желбата да го донесат Калам Хадсон-Одои од Челси на „Алијанц арената“, обидувајќи се да ги убедат Челси за позајмица во последните денови од преодниот рок, со обврска да го купат во 2021 година.
Баварците во три од последните четири преодни рока се обидуваат да го добијат 19-годишното англиско крило, кое има уште четири години од договорот со Челси, иако Френк Лампард му дава малку шанса на почетокот на новата сезона по пристигнувањето на Тимо Вернер, Каи Хаверц и Хаким Зијеш во клубот.
Хадсон-Одои не бил стартер во Премиер лигата од враќањето на фудбалот по паузата поради корона вирусот и наместо тоа игра во куп-натпреварите.