Иако челниците на Баерн Минхен решија дека нема да го откупат договорот што хрватскиот интернационалец Иван Перишиќ го има со Интер, сепак тој би можел и понатаму да остане на „Алијанц арена“.
Перишиќ кој сезонава е на позајмица постигна голови против Челси во осминафиналето и против Барселона во четвртфиналето на Лигата на шампиони.
Тука, се чини се премислија во баварскиот клуб и решија да го задржат во своите редови.
Наводно, Баерн почнаа преговори со Интер за да ја спуштат цената. Италијанските медиуми пишуваат дека таа моментно е меѓу 10 и 15 милиони евра.
Перишиќ во првата сезона за Баварците има 33 настапи, постигна 8 гола и запиша 10 асистенции. Посебно беше располоѓен во ЛШ каде на 8 меча даде 3 гола и имаше исто толку асистенции.
Доколку не успеат преговорите меѓу двата клуба, Хрватот сигурно нема да се врати во Милано.
Информациите се дека новиот премиерлигаш Лидс и лондонски Тотенхем се заинтересирани за неговите услуги.
Перишиќ во Баерн дојде минатото лето на позајмица вредна 5 милиони евра, со опција за откуп од 20 милиони евра.