Top Sport

Баерн со нов договор го награди Чупо-Мотинг

Фудбалскиот клуб Баерн Минехн, потврди дека во петокот, Ерик Максим Чупо-Мотинг го продолжил договорот со клубот.

Камеринскиот напаѓач уште две години ќе му биде резерва на Роберт Левандовски. Таа улога тој ја прифати минатото лето, кога од ПСЖ се пресели во Баерн. На натпреварите, на кои Левандовски не можеше да настапи, Мотинг одлично си ја заврши работата.

Минатата сезона, Камерунецот, настапи на 32 натпревари, на кои постигнал девет голови.

Scroll to Top