Top Sport

Баерн со „пеколно“ полувреме на „Олимпико“

Баерн Минхен покажа зошто е актуелен европски и светски шампион, откако на гостувањето кај Лацио во првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампионите има предност од 0:3 по само едно полувреме. Во вториот меч, тој „поцврстиот“ помеѓу Атлетико Мадрид и Челси нема голови по 45 минути.

Роберт Левандовски уште во деветтата минута донесе водство во дождливиот Рим, младиот Џамал Мусијала зголеми на 0:2 во 24. минута, пред Лирој Сане во 42. минута да стигне до топката и да ги уништи „лацијалите“ уште во првото полувреме.

Scroll to Top