Top Sport

Баерн тргнуваат по Де Јонг овој месец

Односите помеѓу Баерн Минхен и Барселона може дополнително да се влошат откако според „Марка“, Баварците веќе контактирале со претставниците на нивниот холандски плејмејкер Френки де Јонг, кого сакаат да го донесат уште овој месец на „Алијанц арената“.

Сппоред „Марка“, тензиите почнале кога Баерн се обиделе да го донесат Педри пред тој да го продолжи договорот со каталонскиот клуб, додека во Германија се лути на обидот на Барселона да ги донесат нивните млади таленти – Кенан Јидиз (16) и Габриел Видовиќ (15).

Де Јонг одговара на играта која ја води Јулијан Нагелсман во Бундеслигата, и според „Марка“ доколку не успеат да го добијат овој месец, тие ќе се обидат повторно во текот на летото.

Scroll to Top