Top Sport

Баерн уште не дале понуда за Сане

Германскиот шампион Баерн Минхен уште не одлучил дали да направи понуда за Лирој Сане од Манчестер сити и покрај долгорочниот интерес во германскиот репрезентативец, призна генералниот директор на клубот, Карл-Хајнц Румениге.

Баерн, кои освоија седма титула во низа во Германија, постојано тврдеа дека го сакаат 23-годишното крило во својот клуб, но Румениге вели дека шпекулациите за понуда од 80 милиони евра не е вистинита.

„Уште не сме дале понуда за Лирој Сане и далеку сме од таа точка. Прво, фудбалерот треба да одлучи дали сака да биде фудбалер на Баерн Минхен. Потоа ќе почнеме со преговори со Манчестер сити“, вели Сане.

Откако во 2017/18 беше прогласен за најдобар млад фудбалер во Премиер лигата, минатата сезона тој не беше постојан првотимец на тимот на Пеп Гвардиола, борејќи се за место со Бернардо Силва и Рахим Стерлинг.

Баерн веќе потпишаа со Лукас Ернандез од Атлетико Мадрид за 80 милиони евра, додека покрај Арјен Робен, Франк Рибери и Рафиња, од клубот заминува и Хамес Родригез.

Scroll to Top