Top Sport

Баерн во Бремен по заверка на 30 титула

Фудбалерите на Баерн Минхен вечерва во Бремен би можеле да ја прослават јубилејната 30 шампионската титула. Баварците во рамките на 32 коло ќе му гостуваат на Вердер и со победа и теоретски ќе ја обезбедат титулата.

Веројатноста дека Баерн вечерва ќе освои нова титула е огромна бидејќи противникот во изминатите десет години не освоил ниту еден поен против најтрофејниот германски клуб.

Последен пат Вердер освоиле бод против Баерн во 2010 година кога резултатот бил 0:0. Од 2010 година наваму овие тимови одиграле 18 натпревари во Бундес лигата и на сите победиле фудбалерите од Минхен.

Баерн се наоѓа во страшна серија, избраниците на тренерот Ханси Флик имаа 13 победи во низа.

Вердер шансите за опстанок ќе ги бара во последните две кола против Мајнц и Келн.

Scroll to Top