Top Sport

Баерн во „фото-финиш“ го носи Упамекано во Минхен?

Хасан Салихамиџиќ и Оливер Кан се во преговори со агентите на францускиот дефанзивец, Дајот Упамекано од Лајпциг и уверени се дека до крајот на преодниот рок тој ќе заврши на „Алијанц Арена“.

На Баерн му се брза во своите редови да го доведе 22-годишниот Французин кој е приоритет за клубот.

Според информациите на „Sky Germany“ шампионот во Бундеслигата преговара и со Флоријан Нојхаус од Борусија Менхенгладбах.

Не е познато колку би чинел трансферот на Нојхаус, ама затоа ситуацијата со Упамекано е јасна. Неговата откупна клаузула е 40 милиони евра.

Scroll to Top