Минхенски Баерн е заинтересиран за фудбалерот на Арсенал, Џо Вилок, пишува „Скај Спорт“. Се работи за 19-годишен фудбалер од средниот ред кој воодушеви на претсезонските натпревари на „топчиите“, а настапи и на мечот меѓу Арсенал и Баерн кој го добија на нивната американска турнеја.
Баерн претходно се обиде во Минхен да го доведе Калум Хадсон Одои од Челси, исто така млад англиски талент, но безуспешни. Тој се согласи на нов договор со „сините“ од Лондон.
Менаџерот на „топчиите“, Унаи Емери се надева дека ќе успее да го задржи Вилок. Доколку Баварците сепак сакаат да го доведат Англичанецот, за тоа имаат уште два дена. Потоа завршува преодниот рок на Островот.
Bayern Munich are interested in signing highly-rated Arsenal midfielder Joe Willock, Sky Sports News understands.
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) August 6, 2019