Баерн Минхен се многу заинтересирани да го донесат англискиот репрезентативен голман Џордан Пикфорд на „Алијанц арената“, барајќи долготрајно решение.
Мануел Нојер се врати во акција, меѓутоа, Баерн размислуваат и за иднината и сметаат дека 24-годишниот голман на Евертон е вистинско решение, објавува „Сан“. Пикфорд дојде на „Гудисон парк“ за 30 милиони фунти од Сандерленд, како најскап англиски фудбалер во Премиер лигата. Тој не пропушти ниту една минута од целата сезона 2017/18.
32-годишниот Нојер беше германски голман на славното СП во 2014 во Бразил и веќе има 74 настапи. Тој не одигра ниту еден меч од септември поради повреда, но се врати во тимот на Јоаким Лев за пријателскиот меч со Австрија (кој „панцерите“ го загубија).
Фото: ЕПА