Осум месеци по ставањето крај на фудбалската кариера, поранешниот напаѓач на германскиот Бохум, Данецот Томи Бехман доби на данската лотарија.
35-годишниот Бехман, кој играше во Бохум и Фрајбург во германската Бундеслига, бил на одмор ов Шпанија со неговото семејство кога му соопштиле дека ја добил наградата од 5 милиони круни (670.000 евра).
Откако се откри веста дека токму тој е добитник на лотаријата, фудбалерот откри дека секогаш ги користи датумите на раѓањето на неговите деца како бројки, но дека добил само минимални суми во минатото.
„Ја проверив адресата на испраќалот и видов дека се работи за истата адреса со која ме известија дека добив 50 круни порано. Ги повикав организаторите на лотаријата и тие ми потврдија дека јас добив пари. Сега, зимскиот одмор најверојатно ќе биде полуксузен од вообичаеното“, изјави Бахман.
Данецот се повлече од фудбалот во јануари по шест години во својот домашен тим Сондерјиске.