Top Sport

Бајчетиќ веќе решил да ја избере Шпанија пред Србија, тврди неговиот татко

Србија не може да се надева дека Стефан Бајчетиќ ќе заигра за нивната репрезентација, вели неговиот татко, Срѓан Бајчетиќ, откако тинејџерот на Ливерпул влезе во фокусот со својот прв премиерлигашки гол на вчерашниот меч со Астон вила.

Иако неговиот татко, Срѓан Бајчетиќ е поранешен фудбалер на Војводина и Црвена зведа, неговата мајка е Шпанка, а тинејџерот веќе има настап за У-18 репрезентацијата на „фуријата“. Сепак, додека нема настап за сениорска репрезентација во официјален натпревар, тој може да ја смени репрезентацијата.

„Стефан е роден и израснат во Шпанија. Има далеку поцврсти врски со Шпанија отколку со Србија. Никогаш не се знае што ќе се случи во иднина, но одлуката да игра за Шпанија не е донесена од финансиски интереси. Никој не очекуваше да напредува толку бргу и да дебитира во првиот тим. Во Ливерпул имаат многу таленти од нивната академија, но Јирген Клоп му верува“, вели постариот Бајчетиќ.

Scroll to Top