Top Sport

Баји на операција, паузира три месеци

Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Ерик Баји ќе мора да оди на операција на скочниот зглоб и ќе биде во аут три месеци, потврди менаџерот на тимот, Жозе Мурињо.

Бекот од Брегот на Слоновата Коска имаше осум настапи за Јунајтед оваа сезона, но нема играно од 1:0 поразот од Челси на почетокот на ноември.

„Направија одлука дека мора да оди на операција. Не сакам да кажам дека нема да игра до крајот на сезоната, но секако ќе недостасува следните два-три месеци“, изјави Мурињо.

23-годишниот Баји се повреди при настап за националниот тим, но Мурињо има доста прикладни замени за него – Крис Смолинг, Фил Џонс, Виктор Линделоф, Маркос Рохо…

Scroll to Top