Top Sport

Баји вели дека Манчестер јунајтед ги фаворизираат англиските фудбалери

Ерик Баји вели дека Манчестер јунајтед ги „фаворизираат“ англиските фудбалери по неговиот трансфер во Марсеј, посочувајќи дека такво нешто не би се направило во елитни клубови како Челси.

28-годишниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска смета дека новиот тренер Ерик Тен Хаг мора да ја смени традицијата, откако тој помина повеќе време на клупата за да има место за Хери Мегваер и Лук Шо и покрај нивната променлива форма.

„Клубот не смее да фаворизира англиски фудбалери и треба сите да добијат шанса. Мора да се охрабрува конкуренцијата во соблекувалната, а не само да се грижат за одредени фудбалери. Секогаш имав чувство дека нивните играчи добиваа приоритет. Тоа не се случува во Челси и во другите големи премиерлигашки клубови. Некои луѓе имаа сигурен старт и тоа го ослабува тимот. За среќа, Тен Хаг има многу силен карактер и може да ја смени таа динамика“, вели Баји.

Баји имаше само четири старта во Премиерлигата во сезоната 2021/22, по што беше пратен на позајмица во Олимпик Марсеј, иако има договор со „ѓаволите“ до 2024 година.

Scroll to Top