Top Sport

Бајрак: Разочаран сум, за малку ќе го купев Челси!

Турскиот милијардер Мухсин Бајрак тврди дека бил на чекор од купување на Челси пред денеска Роман Абрамович да биде санкциониран од британската влада.

Абрамович минатата недела го стави клубот на продажба по притисокот во британската јавност поради неговата наводна поврзаност со рускиот претседател Владимир Путин, и Бајрак беше еден од фаворитите за продажба, и сега тврди дека следната недела требало да има официјална потврда на зделката.

„Раозчарани сме. Британската влада го презеде клубот, а само што бевме пред договор, бидејќи вчера дадовме официјална понуда. Денеска требаше да има прес-конференција, а предавање на клубот следната недела“, изјавил Бајрак за „Герчек Гундем“

Богатството на Бајрак се проценува на над 10 милијарди долари.

Scroll to Top