Top Sport

Бакајоко требаше да е подобар од Матиќ! (видео)

Истиот ден кога легендата на Челси, Френк Лампард побара од Тиемуе Бакајоко да почне да покажува подобри игри за „Сините“, Французинот се посрамоти при 1:1 ремито со Атлетико Мадрид.

Со овој резултат, Челси се втори во својата група зад Рома, и ги очекуваат условно речено „потешките“ тимови во ждрепката за полуфиналето.

Бакајоко, кој дојде за 40 милиони фунти од Монако, беше најавуван како совршено засилување на тимот и идеална замена за Немања Матиќ, кој местото си го најде кај Манчестер јунајтед.

Во текот на второто полувреме со Атлетико, Бакајоко некако згреши при нормално додавање од Н’Голо Канте, и уште полошо, падна при обидот да ја исконтролира топката.

„Бакајоко требаше да е подобар од Матиќ“, напиша еден од фановите на Сините на Твитер.

Scroll to Top