Луис Рубиалес очигледно веќе е поранешен претседател на Шпанската фудбалска асоцијација. Според „Марка“, тој наскоро ќе биде разрешен од функцијата поради зголемениот притисок во шпанската и светската јавност, по скандалот што го предизвика по финалниот меч на СП, кога Шпанија ја освои титулата. Рубиалес ја бакна во уста фудбалерката Џени Ермосо.
„Немаше посреќен човек во Австралија од Рубиалес. Насмевка од почеток до крај и бакнежи до сите фудбалерки сите членови на стручниот штаб. Во Шпанија, пак, на приемот кај премиерот Рубиалес има само кисела насмевка, замислен поглед.
Сè се смени бидејќи еден бакнеж ја премина границата и Рубиалес се најде на мета на најжестоки можни напади. Додека репрезентацијата се уште беше во Австралија, шпанските министри го осудија гестот на претседателот на Фудбалскиот сојуз. На овој начин во втор план паднаа величествениот успех на Шпанките и првото светско злато.
Федерацијата конечно ја сфати сериозноста на ситуацијата. Се обидоа да ја добијат помошта од фудбалерката како единствена можна поддршка. Се зголемуваше притисокот Рубиалес да си замине, па дури и премиерот рече дека мора да се преземат потези“, пишува Марка.
Исто така, се шпекулира дека Ермосо го одбила Рубиалес кога тој се обидел да сними заедничко видео, во кое тој би и се извинил за она што го направ. Во средата се очекуваше дека Џени Ермосо некако ќе помогне, но тоа не се случи и единствен начин Рубиалес да се спаси, според Марка, е до петок да си поднесе оставка.