Top Sport

Балканците постигнаа по еден гол, Јувентус го победи Лацио (Видео)

Јувентус ја забележа втората победа во новата сезона, во Серија А. Во првиот меч од втората рунда, вечерва, Јувентус го победи Лацио со 2:0 (1:0).

Кристијано Роналдо и на овој меч не постигна гол, иако имаше неколку добри шанси, а „старата дама“ до победата дојде со головите на Миралем Пјаниќ и Марио Манџукиќ.

Пјаниќ постигна прекрасен гол по 30.минути игра. Резултатот 1:0 беше активен до 75.минута, кога Роналдо најпрвин промаши зицер, а на вистинското место беше Манџукиќ.

Scroll to Top