Претседателот на бразилскиот фудбалски клуб, Васко да Гама, Левен Сиано објави интересно видео со Марио Балотели на својот Инстаграм акаунт, потврдувајќи ги шпекулациите дека италијанскиот напаѓач ќе ја продолжи кариерата таму.
Сиано претходно потврди дека е одлични односи со агентот на Балотели, Мино Рајола, кој му помогнал да донесе одредени фудбалери во клубот. Тој ги доби претседателските избори во Васко да Гама во саботата, и Балотели му го честита изборот нему и на новиот директор Фабио Кордела.
Поранешниот напаѓач на Ливерпул и Манчестер сити, минатата сезона играше во Бреша, но остана без клуб откако доби отказ од клубот, по што тренираше со локален четвртолигаш за да остане во форма додека бара клуб.