Менаџерот на Марио Балотели, контроверзниот Мино Рајола, рекол дека црномурестиот напаѓач би бил идеално засилување за Наполи.
Договорот на Балотели со Ница истекува на крајот од сезоната, а уште во јануарскиот преоден рок се појавија шпекулациите дека тој би можел да се врати во Серија А, односно дека Наполи е заинтересиран за неговите услуги.
„Јасно е дека кој и да го земе Балотели дека тоа ќе го направи за џабе. Да сум во Наполи веднаш би го потпишал, тој е еден од најдобрите напаѓачи на пазарот. Него би му било одлично кај Маурисио Сари. Тој е експлозивен на теренот, а многу напредуваше и во своето однесување. Наполи би бил идеален за играч со неговите карактерситики. Играчите се плашат да одат во Неапол, тој не се плаши. Марио не би се мачел со очекувањата на навивачите, бидејќи веќе играл во најголемите светски клубови. Навивач со таква страст му одговаарат на карактерот, слично е и со Златан Ибрахимовиќ“, рекол Рајола.
Наполи е лидер во Серија А и е на добар пат да стави крај на доминацијата на Јувентус. Вечерва Наполи во дербито ќе ја пречека Рома.