Top Sport

Балотели ќе го спасува Њукасл од испаѓање?

Марио Балотели е последниот фудбалер кој се поврзува со јануарски трансфер во Њукасл, во обид на новиот најбогат клуб на светот да се спаси од испаѓање во Премиерлигата.

Њукасл веќе потпишаа со Киеран Трипиер и Крис Вуд, но во последно време беа поврзувани со пославни имиња како Еден Азар и Антони Марсијал, кои наводно ги одбиле понудите. Според турските медиуми, Мурат Санџак, претседателот на Адана Демирспор, каде што Балотели игра оваа сезона потврдил дека постои интерес од премиерлигашот и дека италијанскиот напаѓач има клаузула за раскин на договорот.

Балотели, кој има 7 гола во 18 настапи за Адана оваа сезона, веќе има искуство во Премиерлигата, каде што играше за Манчестер сити од 2010 до 2013 година, а потоа имаше и две неуспешни сезони со Ливерпул од 2014 до 2016.

Scroll to Top