Top Sport

Балотели: ПСЖ е исто што и Генгам

Марио Балотели во свој стил објаснил зошто ПСЖ е елиминиран од Реал во Лигата на шампионите. Реал, во осмина-финалниот двомеч, го елиминира ПСЖ со вкупен резултат 5:2.

Француските медиуми пред почетокот на сезоната најавуваа дека ПСЖ може да оди до самиот крај во Лигата на шампионите, а Балотели им објасни зошто тоа не е така.

„ПСЖ е екипа од Лига 1 и е на исто ниво со Генгам. Ги гледав само еднаш оваа сезона и тоа против Реал. Го заслужија поразот и срамно е што се простија од ЛШ толку рано. Кај нив проблемот е што со праи можат да купат фудбалери, но не можат да купат тим“, рекол Балотели.

Дека не е токму така, покажа и неделниот дуел од Лига 1 меѓу Ница и ПСЖ, кој заврши со 1:2 победа на парижаните. Балотели не постигна гол, а гостите стигнаа до победа со голот на Алвеш во 84. минута.

Scroll to Top