Top Sport

Балотели се спореди со Меси и Роналдо

Марио Балотели, со години „лошото момче“ на европскиот фудбал, не се сомнева дека неговата игра е на нивото кое со години го покажуваа Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Разликата е што тој, поради „лудата глава“, ја пропушти шансата да биде како нив.

Поранешниот фудбалер на Интер, Манчестер сити, Ливерпул, Милан, Ница, Марсеј, Бреша од минатата година го носи дресот на Демирспор во Турција.

Балотели рекол дека пред девет години, кога решил да замине од Манчестер сити, ја направил најголемата грешка во кариерата.

„Можев да бидам како Серхио Агуеро. Да останев можев да освојам барем една Златна топка. Сигурен сум во ова што го зборувам. Кога ќе пораснете тогаш созревата“, рекол Балотели и потоа се споредил со Меси и Роналдо.

„Сигурен сум дека мојот квалитет е на исто ниво со нивниот, но…Јас ги пропуштив моите шанси. Се случува. Денес не можам да кажам дека сум добар како Роналдо, бидејќи тој има освоено пет Златни топки. Не можам да се споредувам со Меси и Роналдо. Никој не може. Но ако зборуваме само за фудбалскиот квалитет, искрено мислам дека нема нешто на што треба да им завидувам“, заклучил Балотели.

Scroll to Top