Top Sport

Балотели замина од Марсеј, следува враќање во Премиер лигата?

Како што беше очекувано, Олимпик Марсеј потврдија дека контроверзниот италијански напаѓач Марио Балотели заминува од тимот по половина сезона.

Балотели дојде на „Велодром“ од Ница во јануари со краткорочен договор и во 15 меча од Лига 1 постигна осум гола. Но, тимот од југот на Франција прави „ремонт“ на тимот, почнувајќи со тренерот – Андре Вилјаш-Боаш е нов тренер на местото на Руди Гарсија и Балотели е непожелен.

„На позицијата напаѓач потребно ни е засилување, бидејќи Марио Балотели нема да ја продолжи авантурата со Олимпик“, изјави претседателот на клубот, Жан-Енри Ејро за „Л’Екип“.

Еден клуб кој останува заинтересиран за неговите услуги  е лондонскиот премиерлигаш Вест хем.

28-годишниот Балотели повторно беше на насловните страници поради необични причини, откако беше пријавен во полиција во малото градче Мергелина во близината на Неапол откако убеди еден сопственик на локален бар за 2.000 евра да скокне со мопед во морето. Тој потоа се пофали со снимката на Интернет.

Scroll to Top