Top Sport

Бане Ивановиќ доаѓа во Црвена звезда

Поранешниот капитен на репрезентацијата на Србија Бранислав Ивановиќ по завршувањето на сезоната ќе го напушти Зенит и ќе се пресели во Црвена звезда, тврди руската агенција „РИА Новости“.

Според овој извор рускиот клуб до карајот на сезоната ќе се обиде да го намали бројот на странски играчи, а Ивановиќ е меѓу оние кои нема да добијат нов договор.

Ивановиќ (36) на овој начин би си ја исполнил желбата кариерата да ја заврши во Црвена звезда и воедно да одигра една сезона за својот голем пријател Дејан Станковиќ, кој утре треба да биде промовиран во нов тренер на најтрофејниот српски клуб.

Scroll to Top