Италијанскиот весник „Кориере дело Спорт“, повикувајќи се на кинеските медиуми, објави дека сопственикот на Милан Јонгхонг Ли банкротирал. Ли вешто го криел податокот дека имотот му бил во процес на ликвидација, бидејќи во тој период ги правел завршните чекори за купување на италијанскиот фудбалски гиган.
Пред неколку месеци новинарите на „Блумберг“ пишуваа дека измислици се дека приказните за рудниците на фосфати во Кина со кои располага Ли, а беа пренесени и зборовите на Марчело Липи дека никој од сериозните бизнисмени во оваа земја не слушнал за Ли.
„Кориере дело Спорт“ објави дека една од фирмите на Ли „Жухаи Жонгфу“, каде тој е малцински сопственик е на аукција поради долговите кон банките во Џангсу и Кантон.
Пред неколку дена Регулаторната комисија на Кина објави дека пред неколку месеци бил започнат процесот на ликвидација на главната компанија на сопственикот на Милан „Шенжен Џие Анде“.
Ова е комапнијата која ја истражуваа новинарите на „Блумберг“, односно компанијата која функционира во празни простории каде постои само една факс машина.
Прашањето кое се наметнува како Ли воопшто успеал да го купи Милан и покрај тоа да ги ги преземе и долговите на клубот?
Ли намерно ги одоговлекувал преговорите и понудил само 100 милиони евра за банкарски гаранции, остнатиот дел од парите ги обезбедил со неповолни камати од американскиот фонд „Елиот менаџмент“.
Банкротот во кој Ли влегол во текот на преговорите успеал да го спречи во тој момент со серија на жалби.
Бидејќи повеќе нема правни сретства со кои би го одоговлекувал судскиот процес од страна на двете банки ќе му биде запленет имотот. Тој со „Елиот менаџмет“ преговара за репрограмирање на долгот, бидејќи во октомври оваа година мора да врати 300 милиони евра. Доколку не го направи тоа и фудбалскиот клуб Милан ќе го преземат банките.
Лошите вести за навивачите на Милан доаѓаат во период кога тимот ја стабилизира формата и под водство на Џемаро Гатузо не е поразен на последните десет натпревари. Серијата добри резултати го искачи Милан на шестото место во Серија А со само шест бода помалку од четвртопласираниот Интер.